(Фото) Катарина и Перо заедно на турнирот на Ноле во Белград

Топ моделот Катарина Ивановска и кошаркарот Перо Антиќ беа заедно во Србија, каде во Белград на трибините ги гледаат натпреварите на Новак Ѓоковиќ на Србија опен. Дека се заедно се пофали Антиќ на социјалните мрежи.

Врската помеѓу Перо Антиќ и Катарина Ивановска веќе не е тајна. Тие се заедно скоро две години, иако на почетокот ја криеја љубовта. Потоа решија јавно да прозборат за тоа, откако објавија заедничка фотографија.

Лани во интервју Перо за „Репортер“ кажа дека вљубен и дека е среќен во врската со Катарина. Пред да бидат заедно, Антиќ  беше во брак со Ружица со која има три деца, а Катарина со Цобе, со кого има две деца.

 

Scroll to Top