(Фото) Катарина Ивановска го покажа трудничкото стомаче

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска деновиве е на одмор во Шпанија. Таа на Инстаграм објави фотографија на една од плажите на островoт Менорка.  Манекенката го покажа трудничкото стомаче. Моделот наскоро се очекува да стане мајка по втор пат.

Моделот често патува и снима за модни брендови со кои сорабтоува. Таа неодамна сними фотосесијата на Парос во Грција. Одморот го продолжи во Израел од каде објави фотографии како се бања во Мртвото Море.

Таа со нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања, кој во мај ќе наполни две години.

Scroll to Top