Неколку недели откако ја роди ќерката Кира, македонскиот топ-модел Катарина Ивановска, најде време за другарките. Таа објави слика на „Инстаграм“ од нивното дружење во познато скопско кафуле. Брзо откако се породи, популарната манекенка им се врати на вообичаените активности. Таа често излегува на прошетка со синот Вања и ќерката Кира, а почна и да вежба за да се врати во топ-форма.
Пред породувањето, во интервју за „Репортер“, Катарина рече дека е среќна што ќе роди девојче. Таа ни откри дека името Кира ѝ се допаднало уште пред неколку години и дека случајно се поклопило тоа да е женска верзија на името на нејзиниот татко Киро, кој е поранешен македонски ракометар.