(Фото) Ќерката на Александар Митевски стана матурантка

Ќерката на композиторот и пејач Александар Митевски, Ања, е матурантка. Авторот на голем број македонски популарни песни на „Фејсбук“ објави дека ќерка му матурирала.

„Времето лета, дојде матура… Животот да ти даде крилја, срце мое“, напиша Митевски.

Освен Ања, Александар ја има и 13-годишната ќерка Мања.

Митевски подолго време не снимил своја песна, но и понатаму компонира за други македонски пејачи. Тој пред неколку месеци работеше на песните на новиот албум на Трифун Костовски, а со Трифун заедно ја снимија дуетската „Срце тетовирано“.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top