Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, која почина во 2016 година, многумина ќе ја паметат како еден од најголемите хуманитарци на денешницата. Во текот на својата 50-годишна кариера таа посвоила 47 синови и една ќерка.
Пред својата смрт Есма откри дека Елеонора ѝ е миленичка.
„ Се согласуваме одлично, баш како мајка и ќерка. Сфатив дека во повозрасните години подобро е да имате женско дете до себе и не се излажав. Елеонора студира на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на ‘Бендот на Есма’“, рекла тогаш Есма.