Рики Мартин привлече големо внимание на Венецискиот филмски фестивал, каде што се појави со драматично променет изглед и ја изненади публиката со новата фризура.
54-годишниот пејач и актер пристигна на фестивалот по повод премиерата на новиот филм на шпански јазик „Hombre Al Agua“ („Човек во вода“), а ова беше и негово прво учество на Венецискиот филмски фестивал.

Мартин се појави во елегантен бел свилен сако од Giorgio Armani и црни панталони, но најголемото внимание го привлече неговата коса.
Од препознатливата темна коса до кратка светла фризура
Пејачот со години беше познат по својата темна, подигната коса, но во Венеција се појави со многу пократка, речиси „buzz cut“ фризура во посветла нијанса.
Посветла изгледаше и неговата брада, што дополнително ја нагласи промената.
На црвениот тепих позираше заедно со Мануел Гарсија-Рулфо и Гаел Гарсија Бернал, кој го режира филмот.

За што се работи во „Hombre Al Agua“?
Филмот е комична драма во која Гаел Гарсија Бернал го игра Камило, кубански спасител чиј живот целосно се менува откако спасува моќен мексикански бизнисмен по име Абел од давење во Карипското Море.
Како знак на благодарност, Абел го носи Камило во Мексико, каде што приказната добива нов пресврт, а спасителот подоцна се жени со неговата ќерка.
Рики Мартин во филмот го игра Роби – актер ангажиран да го глуми Камило во биографски филм кој се снима во рамките на самата приказна.
Мартин е и извршен продуцент на проектот.
Бернал: „Рики беше првиот што го замислив за улогата“
Гаел Гарсија Бернал неодамна откри дека уште од почетокот го замислувал Рики Мартин во оваа улога, но не бил сигурен дали ќе успее да го ангажира.
Тој ја опиша неговата појава во филмот како „прекрасна случајност“.
Според Бернал, улогата барала само еден ден снимање, а кога конечно успеал да стапи во контакт со Мартин, пејачот веднаш прифатил.
„Пред воопшто да успеам да му го објаснам проектот, ми рече: ‘Што и да сакаш’“, раскажа режисерот.
Прва голема улога на шпански по повеќе од две децении
„Hombre Al Agua“ е првата целосна филмска улога на Рики Мартин на шпански јазик по повеќе од 20 години.
Иако музиката останува неговата главна кариера, Мартин во последните години сè почесто се појавува и во актерски проекти.
Тој имаше забележителна улога во серијата „The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story“ во 2018 година, каде што го играше Антонио Д’Амико, долгогодишниот партнер на Џани Версаче.
Се појави и во серијата „Palm Royale“.
Со новиот филм и радикално променетиот изглед, Рики Мартин успеа да биде една од најзабележаните ѕвезди на црвениот тепих во Венеција.






