(Фото) Ќерката на Маја и Дарко Панчеви е матурантка

Надица, постарата ќерка на поп-пејачката Маја Панчева и поранешниот фудбалер Дарко Панчев, е матурантка. Маја на социјалните мрежи објави неколку фотографии од прославата, сликани пред матурската забава на Надица.

„Среќна матура љубов мајкина, да си ми жива и здрава, многу успеси и добра среќа во животот… И да се вратиш до 3 саат“, напиша Маја покрај фотографијата.

Маја и Дарко Панчеви се во брак скоро 19 години. Освен Надица, ја имаат и 12-годишната ќерка Марија.

Scroll to Top