Популарниот актер и шоумен Игор Џамбазов често објавува фотографии од својата младост на својот инстаграм-профил. Овој пат тој објави фотографија од деновите кога служел војска.
„Кад сам млаѓан војник био ја. Точно пред 40 години“, напиша Игор под објавата.
Многу од неговите фанови се посетија на неговата улога на војникот Владимир Спирковски во филмот „Викенд на мртовци“, а Игор им откри дека филмот е снимен 7-8 години по неговата воена служба во Белград, во касарната „4 Јули“.
View this post on Instagram
За потсетување, ланскиот септември Игор раскажа една анегдота поврзана со неговиот татко маестро Александар Џамбазов, кој почина минатиот месец.
„Во 1981 бев во војска. У Београду. Кога првпат ми кажаа дека ми дошла посета ‘из Македоније’, прашав – ‘кој’“? А дежурниот на капијата ми рече: ‘Како ко, па дошо ти брат.’ Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога, конечно, стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас-јакна и очила ‘ленонки’. А дежурниот ми вика: ‘Брат ти је закон. А како личите, је*о вас пас’. И денес сфаќам да је био у праву. П.С. Пас нас још није је*о, ама ние сè повеќе си личиме“, напиша тогаш Џамбазов.