(Фото) Короната го врати Дарио на сцената

Пејачот Дарио Паковски по повеќе од една годиина снима нова песна. Тој е во студиото на Кристијан Габровски од каде што објави заедничка фотка и се пофали дека спремаат нешто ново. Со маски, на дистанца и за инает на короната.

„Се враќам. После година и кусур повторно во студио. Со Габроски снимаме нова песна, весела, разиграна, оптимистична, со гас до даска! Баш за инает на оваа долга и никаква тмурна атмосфера. Што би рекле комшиите ‘клин се клином избија’“, напиша пејачот.

Дарио последната песна ја промовираше лани во април, баладата „Еј животе“, која исто така ја направи со Габровски. Тогаш рече дека „е само за искусни, а не за дечурлана, оти тие нема да ја разберат поентата на песната“.

Дарио е долги години на музичката сцена. Зад себе има еден куп хитови и албуми.

Scroll to Top