(Фото) Кралска елка во домот на Росана

И фолк-пејачката Росана Сариќ – Тодоровска ја накити елката за Нова година. Таа објави слика од празничниот амбиент во нејзиниот дом и од елката висока два метра. Росана откри дека оваа година малку задоцниле со украсувањето во домот, но нејзините пријателите ја бендисаа елката со црвени и златни лампиони и ѝ искоментираа дека елката е кралска. Други, пак, ѝ рекоа дека не доцни и дека тие допрва ќе ги китат своите елки.

Пејачката освен со елката, се пофали и со празничните декорации во домот. Таа на „Фејсбук“ објави слика од украсите, а меѓу нив фотографија од внукот Ноах со дедомразовска капа.

„Мојата најубава новогодишна елка, мојата душа“, напиша Росана.

Росана често споделува слики од внукот на социјалните мрежи. Ноах има пет месеци и е син на ќерката на Росана, Ивана и на нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс.

(Фото) Росана го облече внукот како Дедо Мраз

Scroll to Top