Профилот на некогашната водителката Хелена Роза деновиве беше искористен од непознати лица, кои креирале лажен профил на „Инстаграм“ со лажни голи експлицитни фотографии, на кои пишуваше Хелена Роза. Водителката бргу реагира од Нов Зеланд, каде што живее со семејството, и ги замоли фановите и пријателите да го пријават лажниот профил со експлицитните фотографии.
Ова не е првпат јавни личности да бидат искористени на ваков начин. Хелена Роза веќе неколку години со смејството живее на Нов Зеланд, а пред три години беше во Македонија.