Водителката Лила Филиповска го затегна лицето со лифтинг. Таа за оваа интервенција се пофали на „Инстаграм“ споделувајќи две фотографии од зафатот на пластичниот хирург во Скопје.
Станува збор за мала интервенција при која се затегнуваат критичните делови од лицето и вратот, а постапката се одвива со локална анестезија.
Не е тајна дека Лила го затегнува лицето, оти тоа се гледа и на фотографиите што ги споделува. Водителката пред три години беше во Солун, каде си ги зголеми градите. Тогаш изјави дека од секогаш била задоволно од изгледот, но единствено што ѝ недостигало се поголеми гради.