(Фото) Лора, ќерката на Турунџиева, стана матурантка

Постарата ќерка на пејачката Сузана Турунџиева, Лора, стана матурантка. Сузана ова го сподели на својот фејсбук-профил, а објави и фотографија од тоа како Лора изгледала облечена на матурската прослава.

„ Е па, и во моето племе имаме матурантка. Лора, нека нема пречка што ќе може да те спречи! Нека има сонце на твоето небо. Прегрни го животот со сите негови убавини и живеј го својот сон“, напиша Турунџеива, која ќерката Лора ја има од бракот со Александар Маленко.

Scroll to Top