Со неколку мафини во послужавник, а на секој од нив напишано: „Мама, те сака Ада“, ќерката на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ѝ го честита роденденот. Министерката ова фотографија ја објави на својот фејсбук-профил по што следуваа куп честитки. Радмила Шеќеринска вчера го прослави 46-тиот роденден.
„Ми го направивте убавиот ден поубав. Ми ги вративте сеќавањата за прекрасни минати времиња. Ме потсетивте уште еднаш дека луѓето со нас и околу нас се нашата среќа. Ме насмеавте, расположивте, охрабривте и израдувавте! Ви благодарам што се сетивте и што мислите на мене. Драги мои, да бидеме здрави и среќни заедно уште многу години“, рече Шекеринска.