Христијан Стојаноски – Крис, македонскиот модел кој неколку години работи во Индија, стана заштитно на најскапото индиско виски, Блендерс Прајд. Тој сними реклама која се појави во индиските, но и неколку светски медиуми.
Популарното виски го создаде Пернот Рикард и првпат беше произведено 1995 година. Во 2011 година компанијата ја произведе и премиум линијата, наречена Блендерс прајд ризерв колекшн.
„Христијан веќе седум месеци престојува во Индија, период во кој беше ангажиран за голем број проекти и кампањи. Тој третпат работи на индискиот пазар. Договорот му истекува во декември, а потоа имаме план да ја освои Азија“, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од агенцијата Моделс ИН Менаџмент.