(Фото) Македонија влезе втора во полуфиналето

Со освоени 239 поени, Македонија беше втора во полуфиналето на Евровизија што се одржа на 16 мај во Тел Авив. Организатотрот ги објави резултатите од гласањето од двете полуфиналиња и поените од телевоутингот во финалето.

Тамара во полуфиналето освои 155 поени од жирито и 84 од телевоутингот. За песната Proud, преку телевоутингот 12 поени за Македонија дала Хрватска, 8 Албанија, 7 Чешка, 6 поени од Ерменија, 5 од Австрија, 4 од Романија, од Литванија 2 поени и 1 поен од Данка. Според гласовите на жирито, 12 поени за Македонија дала Хрватска, 10 Азербејџан, 8 Ерменија, 7 Норвешка, по 6 Ирска и Литванија, 4 Холандија и 2 поени жирито од Малта.

Во финалето Македонија беше осма со вкупно 295 поени – 237 од жирито и 58 од телевоутингот. Иако Македонија доби гласови од жирито скоро од сите земји и првпат се натреваруваше за победа, само 11 земји ни дадоа поени од публиката: по 12 од Србија и Словенија, 7 од Хрватска, по 6 од Албанија и Црна Гора, 5 поени Малта, 3 Азербејџан, по 2 Швајцарија, Грузија и Шведска и 1 поен од Холандија.

Осмото место на Тамара е најдобриот пласман на Македонија на Евровизија досега. Тамара претходно три пати беше на Евросонг. Таа пееше придружни вокали на Тоше во Истанбул и на Тијана во Стокхолм, а заедно во Адријан Гаџа и Врчак ја претставуваше Македонија на Евровизија во Белград во 2008 година, но тогаш не влезе во финалето.

Scroll to Top