Македонскиот радио и ТВ водител Ненад Ѓорѓиевски е растргнат на сите страни. Работа на не неговото интернет Хит радио, во осто така неговиот Хитпортал, телевизиските ангажмани во проектот на ТВ Алфа „Подводно“, ноќните караоке настапи по кафулињата и клубовите низ Македонија…
Сепак, и покрај толку многуте бројни обврски, водителот наоѓа време и за себе, но и за семејството. Лето е, пеколни жештини, па Ненад заедно со својата сопруга Горана решија приновите во семејството, нивните две слатки мали близначиња Љупка и Иво да ги однесат некаде на сигурно… и поладно.
Некаде каде што нема пеколни температури, каде што многу полесно се дише и тоа свеж воздух и многу поубаво се спие и без клима… А каде на друго место, ако не среде лето на планина! И тоа во популарниот ски центар Банско, во соседна Бугарија!
Таму водителот ужива со своето семејство во прекрасната природа и пријатната клима. Сите се скијаат, а тој во Банско се сонча! Море нема, ама има се’ друго. Морето го менува со спа и хотелскиот базен! Така Ненад ужива, малку надводно, малку подводно!
(Извор/Вистина.мк)