(Фото) Мамо, ми недостигаш: Хелена Роза, поради пандемијата, долго не си го видела семејството

Поранешната водителка Хелена Роза, иако неколку години живее на Нов Зеланд, и понатаму го привлекува вниманието во јавноста. Овојпат, таа со емотивна порака ѝ го честита роденденот на својата мајка Роза, која не ја видела долго време поради пандемијата.

„Среќен роденден мамки. Те сакам и ми ми фалиш ама нај нај нај“, напиша таа и објави заедничка фотографија.

Хелена во јавноста важи за дама која е многу блиска со своето семејство, сестра ѝ Ребека и нејзината мајка. Таа во интервју за „Репортер“ ни раскажа дека откога живее на Нов Зеланд најмногу ѝ недостига фамилијата и внуците, и тоа што не може секој ден да се гледа со нив.

Пред пандемијата, Хелена неколку пати дојде во Македонија, а и нејзината мајка беше да ја види на Нов Зеланд. Водителката постојано објавува слики и видеа секојпат кога е заедно со семејството и споделува интересни моменти од времето поминато заедно со нив.

Scroll to Top