Марија Ивановска, пејачката на групата „Ај кју“ ја скрати косата и ја бојоса руса. Таа објави неколку слики од новиот имиџ на „Инстаграм“, а од пријателите доби комплименти и за новиот изглед и за храброста да направи толку голема промена.
За потсетување, Марија со Бојан од „Ај кју“ беа последни претставници на Македонија на „Евровизија“. Тие во Лисабон ја пееја песната Lost and Found.