Песната „Признавам“ од сестрите Маријана и Росана и денес е хит. Со неа настапија на „Макфест“ во Штип во 1987 година. Но, не е само оваа песна поради која Маријана и Росана беа популарни пред Маријана да замине во Австралија. Неодамна Росана ја омажи својата ќерка, таа денес работи во книжарницата „Култура“, но вели дека и покрај тоа е расположена повторно да запее. Лани Росана беше специјален гостин на „Златна бубамара на популарноста“ кога повеќето музичари со неа ги пееја нејзините хитови.