Во пресрет на УЕФА Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август во Скопје, се прават последните подготовкиза сите фанови да можат да се забавуваат и да уживаат во пријатна и еуфоричната атмосфера.
Трите трофеи на УЕФА: пехарите на Супер Купот, Лигата на шампионите и Лига Европа, денес тргнуваат на тура за презентација низ Македонија, а згодната Марјана Станојковска како промотер на кампањата тоа и го најави.
Дотерана, сексапилна и привлечна како и обично, со заводлив поглед и насмевка „од уши до уши“ Марјана сефотографираше со СУПЕРКУП трофејот, обраќајќи имсе со интересно прашање на фановите: „Дечки, што мислите кој ќе го освои УЕФА СУПЕР КУПОТ во Скопје?“
Одговорот на нејзиното прашање е само еден: Подобриот… а со тоа ќе биде и најдобриот во Европа! Ама затоа, кога се работи за освојувањето, кој е одговорот на она другото прашање: А кој ќе го освои „трофејот“ што го промовира трофејот? Односно, кој ќе ја освои згоднатата Марјана – никој не знае! Освен неа!
Прашање е само: Дали тој што ќе крене в раце, да ја пренесе преку прагот на својот дом, ќе се чувствува исто толку среќен како да е капитен на Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед или можеби како да му паднала седумка на Лото?