(Фото) Мартин и Стефан со девојките на Градиште: Охрид летово, како некогаш кога беше шема

By

Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ периодов се во Охрид. Тие го поминуваат времето на плажа во Градиште 2 со нивните девојки.

Додека беа во изолација го препеаја хитот на Владо Јаневски, „Што и да е ќе помине“. Тие снимија видео во нивното домашно студио, а некои од фановите велат дека нивната верзија е подобра од оригиналот.

И двајцата во последниве години не снимаат рок песни, со кои се прославија и по кои станаа препознатливи, туку прават преработки на стари македонски народни песни.

Заради короната, речиси сите, наместо на море во Грција, Хрватска и другите дестинации, засега одат во Охрид. Ова посетува како на почетокот на деведесетите, кога заради распадот на Југославија, Охрид беше главно свртилиште за одмор.

Периодов речиси сите јавни личности споделуваат фотографии од Охрид.

 

(Видео) Некст Тајм преработија хит од Владо Јаневски

Ќе ви се допадне