Порaнeшниот шеф на Кабинетот на експремиерот Груевски, Мартин Протоѓер, денескa се јави во кривичниот суд. Според коментарите на социјалните мрежи и оние кои го познаваат, Протоѓер прилично се поправил. Често може да се слушнат коментари од типот „Марин пуштил стомаче“ или дека се забележува голема разлика од тоа како изгледал кога се појави на политичката сцена, виток и слаб, и денес.
Следбениците на социјалните мрежи го коментираат и неговиот неформален стил на облекување, крем јакна во комбинација со крем патики. За разлика од порано, кога се појавуваше во костими поради функцијата, сега често е во неформална варијанта.
Во понеделник тој првпат ќе седне во судот на обвинителна клупа за случајот „Титаник“.