(Фото) Мартинијан ослабе, па се дотера за Карлеуша

Пејачот Мартинијан Кириловски, кој повторно се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“, го смени имиџот и ослабе неколку килограми по препорака на неговиот ментор, Јелена Карлеуша. На снимањето во вториот круг тој дојде во црн костум со бела маичка, наместо како претходно, во фармерки и џемпер. Тој на снимањето откри дека освен за пеењето, Карлеуша се грижи и за стајлингот на нејзините кандидати.

Мартинијан на социјалните мрежи се пофали и дека во вториот круг освоил шест гласови и дека директно влегол во третиот круг, но не откри кои песни ги пеел и какви биле коментарите на жирито. Во првиот круг тој ги пееше „Грлица“ од Жељко Самарџиќ и „Параноја“ од „Тропико бенд“. Тогаш Карелуша му порача дека е многу си сладок.

„Имаш убава насмевка и за да бидеш ѕвезда мора да те сакаат жени. Знам дека имаш една специфичност и дека пелтачиш, а мене тоа ми е секси“, му рече Јелена кога тој ја избра за свој ментор.

 

Scroll to Top