Група Мавровчани решија да го исчистат шутот и нечистотијата и да ја стабилизираат камбанеријата во црквата „Св. Никола“ во Маврово. Црквата „Св. Никола“ долго време беше под вода, но поради повлекување на езерото и сушите, таа сега е на суво и со помош на Мавровчани, полека го враќа својот сјај. Долго време беше запуштена, ама летово таа изгледа многу подобро од претходно.
Маврово
Потопената црква состојба пред година дена и денес
МПЦ не заинтересирани
Општина истоСе фатија група Мавровчани и го направија ова сами
исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средиа
Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК
Алал да им е 🤗🤗🤗 pic.twitter.com/7zBv6xf7dq
— Нешо (@nesosk) September 12, 2021
„Се фатија група Мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.
Црквата „Св. Никола“ во Маврово е вистинска туристичка атракција, која е изградена во 1850 година. Но, со изградбата на Мавровското езеро, се потопиле многу делови од старите села кои се наоѓале таму, вклучувајќи ја и старата црква.
ЦРКВА СВ. НИКОЛА
МАВРОВО