(Фото) Мавровци сами ја исчистија потопената црква „Св. Никола“, која тонеше во ѓубре и шут

Група Мавровчани решија да го исчистат шутот и нечистотијата и да ја стабилизираат камбанеријата во црквата „Св. Никола“  во Маврово.  Црквата „Св. Никола“ долго време беше под вода, но поради повлекување на езерото и сушите, таа сега е на суво и со помош на Мавровчани, полека го враќа својот сјај. Долго време беше запуштена, ама летово таа изгледа многу подобро од претходно.

„Се фатија група Мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.

Црквата „Св. Никола“ во Маврово е вистинска туристичка атракција, која е изградена во 1850 година. Но, со изградбата на Мавровското езеро, се потопиле многу делови од старите села кои се наоѓале таму, вклучувајќи ја и старата црква.

 

 

 

ЦРКВА СВ. НИКОЛА

МАВРОВО

Scroll to Top