(ФОТО) Меѓу сите бугарски секси ѕвезди и Елена Велевска – Вака пејачката го најави новиот спот!

Деновиве Елена Велевска е во Бугарија… на море! Не на одмор, туку работно. Го снимаше видеото за новата песна! Како нов ексклузивец на нивната „Паинер – Планета“, бугарските медиуми не пропуштија нејзиното присуство на Црното Море да остане незабележано, па така нашата фолк дива се најде меѓу сите ѕвезди, на нсловните страници!

А, бугарските ѕвезди, особено оние на  на телевизија „Планета“ секогаш се одвојувале со својот сексапил  секси фигура. Ова лето не е исклучок, па повеќето од нив ги привлекоа погледите на плажа, со што предизвикаа бран од коментари на фанови на социјалната мрежа. Марија провоцира и ги буди фантазиите со секси снимки во кои покажа дека не прави компромиси со својот изглед.

 

Рајна им упати доза провокација на своитефанови со атрактивен кадар од морскиот брег. Името на Глорија е синоним на класа и перфекционизам, а доказ се најновите нејзини фотографии. И Малина не ги остави рамнодушни почитувачите на убавината.

Есил Дуран веќе прерасна во ѕвезда која има и својата модна линија за плажа. Летово Татјана исто зрачи со сексапил и совршена фигурадури и на плажите во Италија, Дубаи и Грција  каде и Соња Германска  не пропушти да ги израдува своите обожаватели со фотографии по костим за капење.

 

Меѓу сите бугарски ѕвезди на телевизија „Планета“ и две наши:  Елена Велевска и Марина Тошиќ исто така ги вжештија страстите со секси фотографии, па бугарските медиуми не пропуштија да ги вметнат во палетата разголени секси естрадни убавици!

Елена  Велевска таа можност ја искористи и за да го најави споменатиот  нов видеозапис кој треба својата премиера да ја доживее веќе в понеделник, на 31 јули 2017!

Scroll to Top