Министерката за образование Мила Царовска беше на гроздобер во Барово со синот Давид. Таа повторно го привлече вниманието со стилот. Мила носеше бела сукња и шешир и беше стилски усогласена со синот. И овојпат министерката доби комплименти дека е елегантна, но на социјалните мрежи имаше и такви што ѝ замерија дека многу се дотерала како за на грозобер.
Мила не криеше дека се забавува и дека одлично се снашла на лозјето. Иако ретко споделува семејни слики, овој пат таа објави неколку фотографии со Давид на Фејсбук.
„Прекрасно саботно попладне поминато во дружење со синот на лозјата во Барово.
Задоволство беше да се учествува на дипломатскиот гроздобер оваа година“, напиша таа.