Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заедно со синот и својот партнер Горан Георгиевски, вчера беше на стадион за да ја поддржи македонската фудбалска репрезентација. Царовска, која ретко објавува приватни слики на социјалните мрежи, овојпат сподели фотографија на „Фејсбук“. „Навиваме за победа“, напиша таа и откри дека тројцата уживаат во натпреварот.
„Браво министерке, неуморна и полна со позитивна енергија“, стои во коментарите.
За потсетување, Македонија вчера против Словенија играше натпревар за квалификациите на Европското првенство во 2020 година. Нашата репрезентација победи со резултат 2:1. Следниот меч Македонија го игра во недела (13.10) против Полска.