(ФОТО) Миркуловски на подготовки: Ќе сурфа или ќе игра ракомет?

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски заедно со својот тим Вецлар во моментот е на летни подготовки за претстојната сезона.

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија од тековните подготовки, но на неа во костим и даска за сурфање, па останува прашањето дали се подготвува за сурфање или претстојната ракометна сезона? За што и да станува збор, среќното лице покажува дека дружењето со својот тим му годи.

-И подготовките можат да бидат интересни, напиша Миркуловски над сликата.

Scroll to Top