Модната дизајнерка Ива Спасовка ја облече младата пејачка Луна, која објави фотосесија пред Нова година. Во корсет и ракавици од вештачко крзно Луна ги собра комплиментите дека изгледа секси. За соработката со младата пејачка, дизајнерката Ива Спасовска вели: „Ние создадовме уметност и сме горди дека ова е наша креација“.
View this post on Instagram
Таа објави и видео во кое Луна заведува во провокативна комбинација. Фотографиите и видеото се на Мартин Трајановски.
Од почетокот на годинава Луна почна соработка со продукцијата „Урбан рекордс“ и објави неколку песни меѓу кои „Тоа што си ти“, „Куш“, „Кармин“ и „Пример“.
View this post on Instagram