(Фото) Многу пејачи, „комити“ и по некој глумец на промоцијата на новиот спот за „А бре, Македонче“ на „Балкан бенд“

Македонскиот бенд „Балкан бенд“, синоќа, во ресторанот „Рагуза 360“, го промовира најновиот спот за преработката на песната „А бре, Македонче“. Спотот го режира Даниел Јовески, а аранжери беа Дарко Илиевски и Дејан Момироски.

Популарниот шоумен и глумец Игор Џамбазов беше водител на промоцијата и ги забавуваше гостите, а особено атмосферата се вжешти кога членови од навивачката група „Комити“ излегоа со запалени факли додека се изведуваше песната.

„Ова е најскапиот музички проект што се случил во Македонија во изминатите 10 години. Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ го подготвувавме од 2018 година и пресреќни сме што, конечно, можеме да го споделиме со вас. Се гордееме што ѝ оставаме траен белег на Македонија“, рекоа синоќа момците од „Балкан бенд“.

На промоцијата се појавија голем број познати музички имиња, водители, пејачи и инфлуенсери. Меѓу гостите беа Сузана Гавазова, Александар Тарабунов, Андреј од ДНК и други.

Преработката бргу беше прифатена од публиката. За само неколку часа беше видена од 15.000 фана на „Јутјуб“.

Scroll to Top