(Фото) Му го даваш ли на маж ти или го чуваш само за ручек да ти прави: Андријана Јаневска се повозе со моторот низ град

Пејачката и професорката по виолина Андријана Јаневска деновиве се возеше со својот мотор Honda-Suzuki V SSTROM. Таа го купи лани и тогаш во интервју за „Репортер“ ни кажа дека е зависна од адреналин.

„Тој мажот дома го чуваш ручек да ти прави, да ти зачисти или го пушташ некогаш да се повози со тебе на задно седиште?“, ја прашаа пријателите, на што таа одговори дека понекогаш му дава да се повози некое кругче.

Јаневска ни кажа дека заразата возење мотор ја префатила од нејзиниот кум Јаким.

„Сакам спортски автомобили и спортски мотори, но во град мора да бидеме максимално совесни возачи и да ги почитуваме правилата“, ни кажа таа.

Таа за „Репортер“ ни кажа дека многумина се изненадиле кога го купила, но оние кои добро ја познаваат знаат дека таа е вистински обожавател на моторите.

„Обожавам да возам, таква сум по природа, авантурист и зависник од адреналин. Желба ми е да се тркам на осмомомартовската женска трка со автомобили. Гледам и Формула 1, навивам за Ферари“, ни изјави Јаневска за “Репортер“ .

(Фото) Зависна сум од адреналин: Андријана Јаневска си купи мотор

Scroll to Top