Музичарот Владимир Дојчиновски – Дојчин, уметничкиот директор на фестивалот „Макфест“ пред два дена доби ќерка. „Денес ми е најсреќен ден во животот, станав татко“, напиша тој на „Фејсбук“. Дојчин и неговата сопруга Ана добија многу честитки за раѓањето на бебето. Како што е редот, Дојчин направи мекици, но не дома со семејството, туку во Штип, каде што викендов се одржува „Макфест“. На мекиците му дојдоа Александар Митевски, новинари од Антена 5 радио и неколку негови пријатели. „Весело друштво во Штип“, напиша Дојчин на „Фејсбук.