(Фото) На Дејан Манасков му дојде мајка му во Будимпешта, заедничката дружба ја сподели со фановите

Ракометарот Дејан Манасков, кој веќе неколку години игра во „Веспрем“ во Унгарија, се пофали дека мајка му му дошла на гости. Сликата од прошетката низ Будимпешта ги изненади фановите, бидејќи Дејан важи за спортист кој не зборува за приватниот живот во јавноста. Тој последен пат објавил фотка со неговата мајка пред скоро пет години.

Македонскиот репрезентативец освен што не објавува семејни слики на социјалните мрежи, нема слики ни со неговите девојки, а постовите му се поврзани со кариерата и ракометот.

За потсетување, Манасков со „Веспрем“ неодамна ја освои титулата во СЕХА лигата втора година по ред.

.

Scroll to Top