Познатиот глумец Игор Џамбазов се потсети на деновите кога ја снимаше партизанската серија „Волшебното самарче“ и објави цртана фотографија од себе и својот коњ Дорчо.
„Ми недостигаат партизанските денови“, напиша Игор.
Тој пред 46 години ја снимаше серијата во која глумеше заедно со својот дедо Петре Прличко и мајка си Анче Џамбазова. За потсетување, годинава се сретна и со коњот Дорчо, во чие волшебно самарче се криеја многу тајни. Фотографиите ги објави неговата девојка Илина Арсова.
„По 46 години, повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ, со сериозна работа. А ние уметниците си остануваме уметници“, пишуваше под неа.
(Фото) Игор Џамбазов, по 46 години, се сретна со Дорчо од „Волшебното самраче“