(Фото) На мајка убавец: Весна Бејби се пофали со синот матурант

Кирил, синот на Весна Бејби, е матурант. Актерката на социјалните мрежи објави слика од таблото и се пофали дека нејзиниот син завршува средно.

„Матурантот од Хјустон. На мајка убавец“, напиша Весна, па доби честитки од пријателите, кои ѝ коментираа дека Кирил многу пораснал.

Кирил скоро две години живее во САД кај својот татко Јанко Тренкоски. Таму замина во 2020 година да заврши гимназија и да ги продолжи студиите.

Scroll to Top