Телевизискиот водител Димитар Атанасовски покажа дека го бива во кујната. Тој на инстаграм-профилот се пофали дека правел мекици, а од пријателите доби коментари дека е мајстор за готвење.
„Срце, ти не си цар, ти си крал“, му порача и сопругата Сара Мејс. И таа сподели слика од специјалитетот на Димитар.
„Но Гугл да те барав, немаше да те најдам“, напиша пејачката.
Сара е во поодмината бременост и наскоро треба да го роди нивното прво дете. Двојката вели дека не го знаат полот на бебето и дека сакаат да е изненадување за двајцата.