Со провокативна фотографија, на која носи само свилена наметка и градник, фолк-пејачката Елена Велевска најави дека наскоро ќе го промовира спотот за песната „Говорот на телото“. Сликата од фотосесијата Елена ја објави на социјалните мрежи. Фановите редеа комплименти, ем дека е „секс-бомба“, ем дека „никогаш не била пожешка“. Но, имаше и такви што ѝ напишаа дека „ќе ѝ пукнат силиконите“.
Инаку, Елена деновиве постојано објавува слики и видеа од снимањето на спотот што го работеше со Дарио Јанковиќ. Песната „Говорот на телото“ е постара, од 2003 година, од нејзиниот втор студиски албум, а пејачката дури сега сними видео за оваа балада. Нејзините обожаватели коментираат дека емотивната балада можеби е една од најубавите песни што ги испеала Елена во кариерата и дека во нема може да се пронајде секоја девојка или жена.