(Фото) Накова во еротска поза под туш: Џабе сексапил, си ја утнала бањата

Манекенката и старлета Александра Накова не престанува да објавува провокативни слики на социјалните мрежи. Таа и овој пат не ги остави рамнодушни следбениците, откако се сликаше во еротска поза под туш. Иако фановите на Александра се навикнати таа да прикажува луксуз на нејзините фотки, овој пат коментираат дека потфрлила оти во бањата се гледа пластична цевка и обична славина на вртење.

„Џабе сексапил кога си ја утнала бањата“, коментираат едни, а други, пак, велат дека е „совршена како и секогаш“.

Старлетата е постојано во центарот на вниманието на јавноста. Неодамна отвори дуќан за облека во Гевгелија, па сама ги рекламира моделите што ги продава. Таа претходно објави и слики со дечкото во када, а потоа и голи фотки додека лежи во пенлива када со шампањско.

Scroll to Top