(Фото) Наместо газето, Гавазова овој пат го покажа семејството

Фолк -пејачката Сузана Гавазова конечно објави смејна фотграфија. Таа за празниците се сликаше со двете ќерки и сопругот Јасмин, покрај новогодишната елка. И овој пат Гавазова не потфрли со стилот, па за пригодата избра фустанот со длабоко деколте и висок шлиц. Пејачката подолг периот престојуваше во Македонија  заради професионалните обврски, иако долго време живее во Швајцарија. Таа досега споделуваше слики само од себе, а на социјалните мрежи коментираат дека, конечно “место газето, го покажала семејството“.

Гавазова во мометов е актуелна и во Србија со спотот за песната “Хало”, која е снимана на српски јазик, и со која најави дека ќе го освојува српскиот пазар.

Пејачката често споделува провокативни фотографии, а во интервју за „Репортер“, таа ни откри дека нејзиниот сопругот воопшто не е љубоморен, туку дека дома е обратана ситуацијата, таа е повеќе љубоморна од него иако е позната личност.

 

 

Scroll to Top