Натали, ќерката на поранешната манекенка и бинго-девојка, Наталија Грубовиќ, наполни една година. Познатата манекенка за роденденот својата ќерка ја дотера во розово-златна комбинација, а избра светкава блуза и сукња од тул со светки. СЗа себе избра зелен фустан и чизми над колена. Наталија и нејзиниот маж, бизнисменот Дрен Глушац, ја организираа роденденската забава во познат ресторан во Нови Сад. На роденденот, освен нивните пријатели, дојде и семејството на Наталија од Скопје.
Натали е прво дете на Грубовиќ која пред неколку години се омажи со бизнисменот од Нови Сад, Глушац. Таа својата бременост ја криеше од медиумите и многумина дознаа дури откако стана мајка. Натали се породи лани на 27 септември во приватна клиника во Скопје.
Откако се омажи, Грубовиќ се повлече од јавноста. Претходно таа беше една од најбараните манекенки кај нас. Неколку пати учествуваше на избори за убавина, се појави во многу спотови, а се сликаше и за насловните страници на скоро сите македонски списанија.