Фолк-пејачката Татјана Лазаревска наполни 46 години. Таа прва сама на себе си го честита роденденот со порака: „Не стареам, станувам подобра“. Тања роденденот ќе го слави дома, во Мелбурн, каде што живее неколку години со сопругот Новица и синовите Стефан и Петар. Нејзиниот роденден годинава ќе помине поскромно од лани кога правеше голема забава со многу гости. Во разговор за „Репортер“ таа ни кажа дека нема посебен план за себе, но ни откри дека веќе спрема голема журка, која ќе се биде во март, за 50. роденден на Новица.
„Лани за мојот роденден направивме фантастична забава дома. Сè беше во стилот на ‘Ѕвездите на Гранд’, а гостите беа маскирани како пејачи и пееја караоке. Сега е редот на Новица, да направиме журка за него, а бидејќи тој годинава ќе полни 50 години, уште од сега му спремам големо изненадување“, рече Тања за „Репортер“.
Пејачката ни откри и дека повеќе сака да прави изненадувања отколку да ја изненадуваат. Вели дека ќе се израдува ако Новица и децата ѝ купат цвеќе оти тоа ѝ е омилениот подарок.
„Не знам дали ми купиле нешто, за сега не ми кажувааат“, вели таа и додава: „Вечерва ќе имаме торта, а јас ќе си замислам само две желби во ова време-невреме: среќа и здравје“.
(А. Ј.)