(Фото) Непозната дама му го украде вниманието на Владо Јаневски

Поп-пејачот Владо Јаневски вчера на плоштадот „Македонија“ во Скопје на непозната дама ѝ ги покажуваше знаменитостите во градот. Додека се шетаа, тие цело време беа насмеани и разговараа опуштено. Минувачите погледнуваа во негов правец, бидејќи тој до неодамна ретко излегуваше во јавноста, па коментираа дека Владо ја шармирал непознатата жена.

Но, популарниот пејач во последно време многу почесто може да се види низ град или во некој од скопските локали. Тој на почетокот на годината потпиша договор со хрватска издавачка куќа и ја промовираше песната „Откако си негова“, и тогаш реши да стане подостапен и за јавноста и за медиумите.

Сепак, Владо во интервју за „Репортер“, ни откри дека многу повеќе сака да седи дома, отколку да излегува, а дека ужива кога е сам. „Кога почна да се зборува се и сешто за мене, се затворив дома со мојата девојка и не излегував никаде. Ни таа не ме разбра, па си отиде, а јас се трудев да останам нормален и да не посегнам по дроги, алкохол или да паднам во депресија“, раскажа тогаш пејачот во интервјуто.

Иако во јавноста одамна се зборува дека е геј, Владо вели дека со години го поврзуваат со различни жени, дури и кога тоа не е вистина. Лани се зборуваше за неговата врска со манекенката Дунавка Трифуновска. Овие муабети станаа актуелни особено откако таа за „Репортер“ рече дека пејачот е совршен љубовник. Кога на почетокот на годината го сними спотот за песната „Откако си негова“, во кој се појавува првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, јавноста почна да зборува дека таа е новата девојка на Владо. Пејачот демантираше дека е во врска и со Дунавка и со Вера. Додаде и дека после многу години на сцената, веќе не му пречат озборувањата.

Scroll to Top