Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, има нов имиџ. Тој се пофали дека косата ја бојадисал руса, па објави фотографии на „Инстаграм“. Фотографии од новиот имиџ на Илија објавија и неговите колеги од Удинезе и го споредија со познатиот рапер Еминем.
„Македонскиот Еминем“, напиша на шега Лукаш Теодорчик, кој веќе неколку сезони игра со Несторовски во италијанскиот клуб.