Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и неговиот син Калин денеска слават роденден. Димитров, кој полни 48 години, објави слика со синот и им се заблагодари на сите што одвоиле време да им го честитаат роденденот нему и на синот.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети со љубов, верба и надеж и со сите ѕвезди ортаци,“ напиша Димитров на „Фејсбук“.