(Фото) Нов член во семејството Џамбазови: Добредојде Изабела

Актерот и шоумен Игор Џамбазов ја претстави новата гитара,  на која веќе и дал име „Изабела Џамбазова“.

„Дами и господа, Ви ја претставувам Изабела Џамбазова, новата членка на семејството. Наскоро и ќе ја чуеме“, напиша Игор.

Џамбазов со новата гитара ќе прави и нова музика. Тој во интервју за Репортер зборуваше дека не се сеќава дека некој одббил за да му направи песна.

„Еве во моментот завршувам нови текстови за Тамара, веќе завршив неколку за новиот албум на „Нокаут“, па уште неколку за албумот „Игор и Харе 30 години“, кој треба да излезе пред летото. Но, сакам да пишувам и за нови луѓе, кои во меѓувреме се појавуваат. Еве токму овие денови завршувам текст за Кристина Димитри, една млада жена која сака да сруши многу предрасуди. Мора да признаеш дека е опасна мотивација за маж во години како мене да пишува феминистички стихови… хе, хе, хе, хе“, раскажа Џамбазов.

Scroll to Top