Во сите овие години актерот и шоумен Игор Џамбазов е приказна која не само што трае во јавноста туку и никако да ја загуби популарноста. И секогаш со него муабет колку сакаш. Во моментот живее во селото Стрезовце, Кумановско, и тоа е уште едно од местата во Македонија во кои го наоѓа својот мир. Интензивно работи на пробите за „Златна бубамара на популарноста“, а неодамна објави дека веќе не е во љубов со алпинистката и уметник Илина Арсова. Таа пред неколку месеци замина за Америка на докторски студии, па не чуди ни разделбата. Во интервју за „Репортер“ со Игор зборуваме за сè, за маестро Александар Џамбазов и за спомените, за загубата на неговите најдобри пријатели Пиже и Зеко кој починаа на ист датум, ќе ја надмине ли Лила на „Инстаграм“, откри дека не пие веќе пет години и дека мотивација за маж во негови години е да пишува феминистички стихови.
По објавувањето дека повеќе не си со Илина и дека се разделивте, првин ќе те прашам како си?
Веруваш ли сега дека сите големи љубови се тажни и дали успеваш да се справиш со тоа како возрасен човек?
Сега си во селото Стрезовце. Како е да се живее таму? Што е со Дојран и одиш ли често во Скопје?
Стрезовце е само уште една попатна дестинација, која случајно ја открив. Тоа што живеам во Дојран не значи дека ќе престанам со мојата мисија да ја запознам Македонија што повеќе и да откријам уште нови интересни и необични места. Сè помалку се враќам на старите добри места, а сè повеќе ме провоцираат најзафрлените и најнеиспитани точки. Инаку, искрено, во Скопје доаѓам само кога морам, претежно за работа (снимања, театар, концерти, проби, настапи).
Колку се напорни пробите за „Бубамара“? Ти се досади ли веќе толку години да си дел од оваа приредба?
Пробите не се напорни. Ранко Бубамара е напорен. Хе, хе, хее… Не, не ми досадило, се разбира. Јас сум единствениот уметник што се има појавено на сите досегашни „Бубамари“ и не гледам причина зошто би прекинувал нешто што е успешно и што трае речиси 30 години.
Неодамна беше и во Слепче, се виде ли со пријателите и како е повторно да се вратиш таму?
Да, во Слепче отидов по речиси 10 години. Поточно бев во Демир Хисар на снимање на еден документарен филм, кој се вика „Железната тврдина“, во режија на Митко Панов. Снимавме сцени во психијатриската болница, каде што со колегите пациенти имавме караоке. Јас со гитарата, а тие со своите измачени животи, снимивме сцени за паметење. А по снимањето, се знае – правец Слепче, во мојата омилена „горна куќа“, каде што ручавме со екипата.
Пред една година почина маестро Џамбазов. Што е она првото што ти ги буди спомените за него?
Колку често знаеш да разгледуваш стари фотографии што те потсетуваат на детството?
Колку те погоди смртта на Пиже и што е она што најмногу те посетува на него?
Пет години, два месеца и 12 дена до денес.. И, се чувствувам како никогаш и да не сум пиел. И, топло им препорачувам на сите што имаат проблем со тоа: Баталете!
Те плашат ли годините и, воопшто, стареењето?
Нема бегање ни од староста ни од оној свет. Најбитно е пред да си заминеме да оставиме барем нешто по што ќе нè паметат. По можност – нешто убаво…
Успеавте ли со Весна Бејби преку „Агенда 21“ да ја спасите планетата?
Можеби не ја спасивме, ама барем се обидовме. Еве веќе две сезони „Агенда 21“ се обидува да ја подигне свеста на младите луѓе за тоа што е екологија, кое е нејзиното значење, кои се последиците од нашето игнорирање на глобалното затоплување, загадувањето, селектирање на отпадот и уште многу други теми и дилеми. „Агенда 21“ е мисија и повеќе од тоа. Се обидуваме да им укажеме на грешките на оние што одлучуваат за екологијата во Македонија.
Најавивте и заеднички театарски проект, ама работата тргна наопаку. Што се случи?
Тоа што ни се случи со Весна во врска со овој проект е навистина нешто што досега не сум чул дека се случило кај нас. Најдовме текст, дуо-драма, комедија, почнавме да ја работиме претставата, јас се амбицирав да ја режирам и плус да направам од сето тоа мјузикл. Два месеца работев како луд. Ги пишував сонговите, ја подготвував режијата, со Весна веќе ја поставивме повеќе од половина и тогаш… на социјалните мрежи осамнува реклама за премиера на нашиот текст, ама со други актери и во друг театар. Никогаш не се случило ист драмски текст да има премиера во ист град и во временско растојание од два месеца. Нивната премиера излезе, и претставата сè уште се игра, па мислев дека е најздраво да прекинеме со пробите и да чекаме подобри времиња за нашата претстава.
Како дел од хит-серијата „Преспав“, сметаш ли дека на публиката ѝ недостига Миле и има ли шанси овој проект да продолжи?
„Преспав“ продолжува секако. Во септември почнува снимањето на новата сезона. И сигурен сум дека на публиката и недостига Миле Бузалевски. Ама вие не знаете колку публиката му недостига на Миле Бузалевски.
Познат си и како текстописец, дали има некој што си го одбил кога ќе побара да му напишеш песна?