(Фото) Обожавател си го истетовира Горан Пандев на градите

Обожавател на Горан Пандев си го истетовира ликот на поранешниот фудбалер на градите. Станува збор за извесен Даниел Пешевски, кој ја објави сликата од тетоважата на социјалните мрежи. Потоа истата фотка ја сподели и Пандев на својот инстаграм-профил. На сликата, Пандев го носи дресот на Интер, кој беше неговиот прв клуб во Италија.

Пандев на крајот на ланската сезона стави крај на клупската фудбалска кариера. Една година претходно се прости и од репрезентацијата, по настапот на Европското првенство. Тој е рекордер по бројот на голови во дресот на Македонија.

Кариерата ја почна во Беласица, по што се пресели во Италија и играше за Интер, Наполи, Анкона, Џенова, а кариерата ја заврши во Парма.

Во македонското првенство неговиот фудбалски клуб, Академија Пандев игра во првата лига.

 

Scroll to Top