Глумецот Васил Зафирчев го прослави 42 роденден. Тој објави фотографија од роденденките свеќи ѝ им се заблагодари на сите за убавите честитки. Меѓу честитките беше и онаа од поранешната сопруга, пејачката Калиопи, со која Васил е во одлични односи.
Таа му посака да му се остварат најубавите желби.
„42 роденден. Од тортата останаа само броевите. Една четворка, сосем обична и една двојка која ѝ пркоси по својата големина. Па затоа треба да стои пред, а не зад неа. Впрочем, за животот и неговата суштина, годините навистина се само бројка. Единствено важна е полнотијата со која го живееме. Внатрешното чувство на исполнетост и хармонија и односот кој го имаме кон себе си. Сè друго е само перцепција, најчесто погрешна. Драги пријатели, ви благодарам за убавите мисли и чувства кои ги споделивте со мене и ви посакувам да се грижите единствено и само за суштината на вашиот живот, да ги негувате и остварувате вашите страсти, желби и замисли, да ги чувате мирот и хармонијата во вас и да сте секогаш исполнети со она што го имате сега, а ве прави среќни“, рече Васил.
View this post on Instagram